Прекинатиот натпревар од 16. коло во шпанската Примера помеѓу Гранада и Атлетик Билбао, заврши со конечни 1-1. Гостите од Баскија имаа водство од 0-1, но натпреварот беше прекинат поради смртен случај на трибините.
https://twitter.com/i/status/1734305735196987892Домашниот тим имаше повеќе од играта и во продолжението успеа да израмни со автоголот на Де Галарета во 55. минута, а тој гол на крајот се покажа и како последен на натпреварот. Атлетик Билбао останува на петтата позиција со 29 бода, додека Гранада стигна до осмиот бод сезонава, доволен за претпоследното место на табелата во Примера.
Во следното коло баскискиот тим ќе го пречека Атлетико Мадрид на домашен терен, додека Гранада ќе отпатува во Виго и ќе се соочи со екипата на Селта.
Лидер во Примера е екипата на Жирона со 41 бод, два повеќе од Реал Мадрид и седум од Барселона и Атлетико Мадрид (натпревар помалку).