Богдановиќ рушеше рекорди, Јокиќ се израдува на победата (ВИДЕОИако на теренот беше најдобриот играч во НБА во моментов Никола Јокиќ, во центарот на вниманието на мечот меѓу Атланта и Денвер беше неговиот сонародник Богдан Богдановиќ.
Еден од најдобрите шутери во светот постигна 40 поени против актуелниот шампион, но тоа не беше доволно Хоукс да се израдуваат на победата. Триумфираше Денвер како гостин со 129-122 за прекин на серијата од три порази.
Богдановиќ притоа собори неколку индивидуални и тимски рекорди: 40. поени се најмнногу за него на еден НБА натпревар, исто како и десетте тројки бидејќи претходниот рекорд му изнесуваше осум. Освен тоа, стана прв играч во историјата на НБА кој постигнал 40 поени со десет погодени тројки и само втор во постоењето на лигата кому тоа му успеало иако не бил дел од стартната петорка.
Единствен проблем е што не го следеа соиграчите, па тој постигна речиси третина од поените на Атланта, а далеку зад него останаа Дехонте Мареј со 21 и Јанг со 19 поени. Џамал Мареј го предводеше Денвер со 29 поени и 9 скока, а Никола Јокиќ постигна 25 поени, 9 асистенции и 8 скока. За Атланта ова беше четврти пораз во низа, како последица на што се наоѓа на десеттата позиција на табелата во Источната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Мајами 114-116
Детроит – Индијана 123-131
Орландо – Кливленд 104-94
Филаделфија – Вашингтон 146-101
Атланта – Денвер 122-129
Њујорк – Торонто 136-130
Хјустон – Сан Антонио 93-82
Мемфис – Далас 113-120
Милвоки – Чикаго 133-129
Њу Орлеанс – Минесота 121-107
Оклахома – Јута 134-120
Сакраменто – Бруклин 131-118
ЛА Клиперс – Портланд 132-127