Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на домашен терен доживеаја понижувачки и срамен пораз (0-3) од Борнмут. Само неколку дена откако го победија Челси во дербито, тимот на Ерик Тен Хаг одигра срамно против Борнмут.
Борнмут тоа знаеше да го искористи. Соланке уште во петтата минута го отвори резултатот, Билинг зголеми на 0-2, а третиот гол го постигна Сенеси.
Екипата на Шефилд Јунајтед го победи Брентфорд со 1-0, Вулверхемптон и Нотингем Форест ремизираа 1-1.