Поранешниот македонски фудбалски селектор Бошко Ѓуровски бил до толку приврзан за Црвена звезда што најдобро говорат неговите постапки од фудбалските денови. Ја оставил бремената сопруга во болница пред да се породи и заминал на турнеја со клубот.
Денес, ваков професионализам е незамислив. За тоа е свесен и Бошко Ѓуровски кој во авион го прослави раѓањето на својата ќерка Анита, која ја виде дури две недели подоцна, кога од Австралија се врати во Белград.
– Сопругата Зорица требаше да се породи во јули 1985 година, а јас и Звезда треба да одиме на турнеја во Австралија. Ја носам Зорица утрото кај гинеколог, а имам авион во 12.00 часот. Во секој момент требаше да се породи. Ја однесов до собата, се извинив, и велам дека морам да одам. А таа само кажа: Среќен пат, не грижи се, се ќе биде во ред – вели Бошко
– Доаѓам на аеродром, и таму некоја зевздаш вика – Бошко давај муждилак, доби ќерка! Купив две шишиња виски и славам во авион. Ќерката Анита ја видов дуро кога се вратив во Белград по 15 дена.
Денес тој има поинакво мислење за своите постапки.
– Мојата љубов кон Звезда беше неверојатна. Само Звезда и ништо повеќе. Сигурно не би го направил тоа денес. Но, тогаш не ни помислував на такво нешто. Таков беше комунистичкиот систем, железна дисциплина и почитување на хиерархијата – вели легендарниот фудбалер на црвено белите.