Белгиецот Еден Азар вечерва ќе биде меѓу стартерите за Реал Мадрид на дуелот со Кадиз во натпреварот од 18. коло на Ла Лига, потврди Карло Анчелоти. Азар не бил стартер за лидерот во Ла Лига од 28 септември, кога Реал загуби од Шериф Тираспол во Лигата на шампионите.
Анчелоти рече дека вклучувањето на Еден Азар меѓу стартерите не е поврзано со отсуството на 6 играчи од тимот поради коронавирусот.
„Ќе почне од првата минута, не затоа што ни недостасуваат играчи, туку затоа што добро функционира“, изјави италијанскиот специјалист.
Сепак шпанските медиуми на големо пишуваат дека Азар речиси сигурно ќе замине од Реал Мадрид во зимскиот преоден рок.