Каталонците од Џирона овосезонската сензација во Примера губеа до 83. минута, а потоа ја нокаутираа Валенсија.
Фудбалерите на Џирона стигнаа до дванаесеттата победа во Примера, откако со пресврт беа подобри од Валенсија со 2-1 (0-0). Се чинеше дека Џирона нема да стигне до три бода на овој натпревар, бидејќи по серијата грешки на домашните, Уго Дуро ја казни домашната екипа и го доведе својот тим во водство (0-1).
Валенсија успешно ја чуваше предноста сè до 83. минута кога Стуани израмни на 1-1.
Стуани постигна и втор гол во 88. минута за пресврт на Жирона (2-1), а мрежата на Валенсија ја затресе и Савио, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.
Жирона е прва со 38 бодови, по што следи Реал Мадрид со 35, а Атлетико Мадрид и Барселона имаат по 31.