Нов фудбалски бисер се скенира на радарот на големите европски клубови. 16-годишниот бразилски фудбалер Естеван или како што е познат во неговата татковина, Месињо, игра за Палмеирас, а неговиот клуб веќе одби една богата понуда од францускиот гигант ПСЖ која изнесуваше неверојатни 50 милиони евра.
Освен ПСЖ, тој е на радарот и на Манчестер сити и на Барселона, а токму “каталонците“ се неговиот прв избор, пред се поради аргентинецот Лионел Меси.
Месињо може да игра на сите позиции во офанзивата, но неговата примарна позиција е лево крило. Висок е 170 сантиметри и според стилот многу наликува на најдобриот светски фудбалер а можеби и е наследникот на Меси.