Фудбалерите на ПСЖ вечерва на домашен терен играат натпревар од Лигата на шампионите против Лајпциг.

Парижаните имаат четири бода по две одиграни кола, додека Лајпциг сеуште е без бодови . Јасно е дека ПСЖ е голем фаворит вечерва и се освен победата на овој тим ќе биде изненадување.

Маурисио Покетино вчера потврди дека пред овој натпревар останал без Нејмар, кој се повреди на вчерашниот тренинг. Нејмар се пожали на повреда на препоните и нема да биде во тимот денес.

На социјалните мрежи се појави и интересно видео од вчерашниот тренинг, а Нејмар беше во центарот на вниманието.

Во еден момент Андер Ерара ја протна топката низ нозете на Нејмар што воопшто не му се допадна. После тоа, Бразилецот го удри Шпанецот, што изгледаше доста сериозно, иако многумина рекоа дека тоа го направил на шега.

Сепак, на навивачите на ПСЖ не им се допадна како реагираше Нејмар бидејќи можеше да го повреди Ерера со неговиот потег.

ВИДЕО