Ливерпул во последниот ден од преодниот рок успеа да донесе големо засилување.
Напаѓачот на Порто, Луис Дијазво саботата ги помина лекарските прегледи во Аргентина, а потоа потпиша за клубот од „Енфилд“.
Играчот веќе е фотографиран во дресот на Ливерпул, а ќе го носи дресот со број 23.
Медиумите на Островот пренесуваат дека е договорено Ливерпул да плати 44,5 милиони евра за петгодишен договор.
Сепак, како што стојат работите, Ливерпул ќе мора да продаде одреден број играчи.
Јирген Клоп е подготвен да се откаже од услугите на Такуми Минамино, Дивок Ориги и Нејт Филипс.
Лидс е заинтересиран за Минамино, додека клубот бара 18 милиони за да го продаде Филипс.