Двократниот олимписки шампион во фрлање ѓуле, Американецот Рајан Краузер, го собори сопствениот светски рекорд во сала во Њујорк.
Тој ѓулето го фрли на далечина од 23,38 метри.
Краузер фрли еден центиметар подобро од неговиот претходен светски рекорд, поставен на отворено на 18 јуни 2021 година на американските олимписки квалификации во Јуџин (23.37), а во исто време го собори 31-годишниот рекорд во сала на сонародникот Ренди Барнс ( 23.12).