Американскиот град Јуџин од денеска ќе биде домаќин на најдобрите светски атлетичари, кои првпат покрај за чест, слави и резултати ќе се борат и за огромни награди, со оглед што на овој шампионат ќе има вкупен награден фонд од 8,5 милиони евра.
Секој нов светски првак, без разлика на дисциплината или конкуренцијата, ќе инкасира 70.000 евра, среброто ќе носи 35.000 евра, додека бронзениот медал ќе биде награден со 22.000 евра. Во штафетните трки, учесниците ќе добијат 80.000 евра за златото, 40.000 евра за среброто и 20.000 евра за бронзата. Дополнителен бонус од 100.000 евра ќе биде доделен за секој(а) атлетичар(ка) кој(а) ќе успее да собори светски рекорд.
Македонија на овој најзначаен атлетски настан годинава ќе биде претставена со една натпреварувачка и тоа со Адријана Поп-Арсова, која ќе се натпреварува во женскиот маратон.