Кубанецот Лазаро Мартинез го освои првиот златен медал на Светското првенство во атлетика во сала во Белград.
Мартинез го освои златото во трискок со резултат од 17,64 метри, што е најдобар резултат во светот годинава.
Досега најдобар резултат имаше неговиот сонародник Џордан Алехандро Дијаз Фортун кој на 20 февруари прескокна 17,27 метри.
За 24-годишниот Кубанец ова е најголемиот успех во кариерата откако двапати славеше на Светското првенство за јуниори.
Втор беше олимпискиот победник од Токио, Португалецот Педро Пичардо со скок од 17,46 метри, додека трет беше Американецот Доналд Скот со 17,21 метри.