Италијанска Рома со контроверзниот португалски тренер Жозе Мурињо ќе се соочат со својот најголем крвник, кого долго ќе го паметат, норвешки Бодо Глимт, кој есеноска ги понижи во групната фаза со триумфот со 6-1.
Ждрепката за четвртфиналето и патот до финалето во третото по ранг натпреварување, Конференциската лига сакаше да ги спои двата ривали повторно во трката за круната, а покрај овој дуел кој посебно ќе биде во фокусот, Феенорд ја доби Славија Прага, Марсеј ќе се соочи со солунски ПАОК, а премиерлигашот Лестер ќе се соочи со ПСВ Ајндховен.
Во полуфиналето победникот од мечот Лестер – ПСВ ќе се соочи со подобриот од пресметката Бодо Глимт- Рома, додека во второто полуфинале ќе се соочат победниците од пресметките Феенорд – Славија Прага и Марсеј – ПАОК.
Првото финале во ова натпреварување се игра на „Ер Албанија“ во Тирана.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Бодо Глимт – Рома
Феенорд – Славија Прага
Марсеј – ПАОК
Лестер – ПСВ Ајндховен
ПОЛУФИНАЛЕ
Лестер/ПСВ – Бодо Глимт/Рома
Феенорд/Славија П. – Марсеј/ПАОК