Болоња вечерва им зададе силен удар на „нераѕурите“, кои имаат можност да станат лидери во првенството на четири кола пред крајот, но го прокоцкаа тоа.
Во заостанатиот натпревар кој Интер го одигра вечерва кај Болоња, се тргна на добро за нив. Постигнаа гол уште во 3. минута, но подоцна во натпреварот дојде шокот за нив.
Прво домаќините дојдоа до 1:1 во 28 минута, за потоа Николо Шансоне во 81. минута да го шокира целосно гостите.
По натпреварот даде доста интересна изјава, во која има предлог за Милан.
„Се надевам дека Малдини ќе ми се јави да ми се заблагодари за ова, јас би бил среќен со позајмица во нивната екипа, за да играм Лига на шампиони“, истакна Никола Шансоне.