Фудбалерот на Јувентус, Арон Рaмзи е добитник на наградата „Златна канта“. Таа се однесува на оние кои најмногу разочарале во италијанското првенство.
Рамзи имаше 2.686 гласа, речиси 120 повеќе од второпласираниот играч на Лацио, Ведад Муричи.
За „старата дама“, Велшанецот сезонава одигра само 112 минути, поради што ја заслужи оваа неславна награда.
Во летото 2019 година тој се пресели од Арсенал во тимот од Торино. За нешто повеќе од две години одигра 70 натпревари, со шест гола и шест асистенции.