Стојанче Стоилов е ракометарот со најмногу настапи на едно Европско првенство во македонскиот национален тим. По дуелот со Словенија, на стартот на континенталното натпреварување, искусниот пикер го запиша 29 меч во „црвено-жолтиот“ дрес.
Зад Стоилов се Дејан Манасков и Борко Ристовски со 28 одиграни меча, следува Кирил Лазаров со 27, Филип Миркуловски со 26, зад него е Аце Јоновски со 25 натпревари.
Македонија денеска има ден за одмор, поточно време за подготовка за следниот дуел на ЕП, а тоа е против Црна Гора (15. јануари).