Подмладената Македонија вчера со собра игра и со чесен пораз го започна Европското првенство.
Во поразот од Словенија (27-25) има и добри и лошо страни. Добрите се дека нашите ракометари одиграа рамноправен меч против една селекција чиј ростер е далеку поквалитетен од нашиот, а истовремено на теренот Македонија го немаше Кирил Лазаров.
Најзабележителен во нашиот тим беше Мартин Томовски и секако левото крило Цветан Кузманоски. Ракометарот на Е.Пелистер максимално го користи отсуството на Дејан Манасков. Постигна осум гола, од кои два седмерци а имаше само едно промашување.
Кузманоски по завршувањето на вчерашниот ден води во категоријата најмногу истрачани метри, и со 5000 е на врвот во таа категорија пред Холанѓанецот Стеинс и Кодрин од Словенија.
Во оваа категорија во првите 10 има уште 5 Македонци, Гоце Георгиевски, Мартин Велковски, Филип Талевски и Филип Кузмановски.
Тоа значи дека оставиле срце на терен но и дека имало слаба ротација и не биле соодветно заменети од резервните играчи.