Норвешките ракометарки се пласираа во финалето на Светското првенство.
Норвешка успеа да ја победи Шпанија на домашен терен со 27:21 и се пласираше во финалето на Светското првенство.
Норвешка за титулата светски првак ќе игра против Франција, бидејќи Французинките претходно во првиот полуфинален меч ја елиминираа Данска.
Норвешка до победата над Шпанија и пласманот во финалето ја предводеше Нора Морк со 8 гола, додека Кари Дејл постигна 7, а Кристијансен, Рејштад и Солберг-Исаксен по 3 гола.
На другата страна, Барбоса се истакна со 5 гола, а Поведа и Бермехо дадоа по 3 гола.
Франција во полуфиналето ја совлада Данска со 23:22 (10:12).
Франција до победата ја предводеше Фопа со четири постигнати гола.
По три гола постигнаа Ноканди, Нзе Минко, Пино, Тубланк и Зади.
Најефикасни во данскиот тим беа Хаугстед со пет и Хансен со четири гола.