Вo натпреварот од 18. коло на италијанската Серија А, Интер победи со 5:0 против Салернитана.

Чалханоглу изведе корнер во 11. минута, а Перишиќ извонредно шутираше со глава и го совлада немоќниот голман со што ја отвори серијата голови. Останатите голови ги постигнаа Дамфрис (33), Санчез (51), Мартинез (77) и Гаљардини (87). Интер води со четири бода повеќе од Милан.

Standings provided by SofaScore LiveScore