Пјерлуиџи Колина, легендарниот италијански судија и еден од најдобрите досега, се уште е активен во фудбалот. Тој е дел од стручниот тим на ФИФА, односно комисијата која се занимава со судењето и можните подобрувања на играта во тој сегмент. Една од жешките теми е ВАР. Многу фанови сметаат дека неговата имплементација не е правилна во фудбалскиот свет, што со себе носи многу проблеми.
На еден семинар Колина отворено зборуваше за сите проблеми поврзани со технологијата. „ВАР не беше ни направен да ги елиминира сите грешки“ „Поентата на ВАР не е да се елиминираат контроверзните одлуки, туку да се елиминираат очигледните грешки кои директно влијаат на резултатот. Мислам дека успеавме во тоа“, започна Колина.
Што се однесува до спорните офсајд, судијата е тој што одлучува дали играчот е во активна или пасивна офсајд позиција.ВАР го известува дека играчот е во офсајд позиција, а судијата е тој што проценува дали влијаел на играта, дали е во активен или пасивен офсајд. Технологијата е тука да му помогне, но одлуката на крајот е негова“, додаде тој.
Тој зборуваше и за тоа како од Светското првенство, барем на највисоко ниво, чекањето на одлуката на ВАР за офсајд треба да биде минато. „Секој натпревар ќе се снима со 12 камери кои ќе следат 29 точки на телото. Софтверот ќе ги анализира позициите на играчот во реално време и ВАР ќе може да го извести судијата во рок од неколку секунди ако напаѓачот е во офсајд. Тоа ќе биде многу побрзо од сега“, изјави италијанскиот стручњак.
На крајот, тој опиша како се менува правилото за играње со рака во шеснаесетникот: „Издадовме инструкции дека пенал е ако раката е крената над рамото, но сфативме дека и тоа има свои недостатоци, па ги укинавме. Дали играњето со рака е намерно и дали е доволно за пенал проценува судијата“.