Карим Бензема вчера го постигна својот прв хет-трик во саудиското првенство. Францускиот напаѓач со три гола и една асистенција придонесе за победата на Ал Итихад против Абха од 4-2.

За актуелниот првак на Саудиска Арабија заврши долгата серија без победа, заслугата е на Бензема кој до 70-та минута имаше комплетирано хет-трик, но овојпат титулата е далеку, заостануваат 11 бода зад лидерот Ал Хилал по 13 одиграни кола.