ЛШ во ракомет: Барса фуриозно во Сегедин, Кил немилосрден со Елверум

ЛШ во ракомет: Барса фуриозно во Сегедин, Кил немилосрден со Елверум
Новата сезона во Лигата на шампиони и официјално стартуваше. Барселона, одбраната на тронот ја почна со победа, откако на гостувањето кај Пик Сегед славеше со 28-35.

Дика Мем постигна седум гола од осум обиди, додека Ричардсон имаше шест гола. На другата страна Бодо имаше пет гола.

Овој дуел беше најава дека не чекаат возбудливи пресметки до самиот крај. По изедначената игра во првите девет минути, унгарскиот првак со серија од 5-0 поведе со 10-5 на средината на првото полувреме. Барселона се мачеше за да ја намали негативата, тоа и успеа на одморот, беше 15-14.

Сепак во второто полувреме сликата се промени. Каталонскиот гигант влезе во турбо ритам, за првпат на дуелот поведе со три гола разлика (20-23) во 40 минута, додека три минути подоцна предноста изнесуваше 21-26.

На втората средба, исто од групата Б, Кил ја оправда фаворитската улога, на домашен терен без проблем славеше против Елверум со убедливи 36-26 (17-13).

НАЈНОВИ ВЕСТИ