Македонската ракометарка Сара Ристовски имаше и повеќе од одличен настап за својата екипа ЦСКА Москва во првото коло во рускиот шампионат. Имено тимот на нашата Сара победи на гости во Астрахан со 31:27, а Македонката постигна четири голови од четири обиди, едноставно одигра без грешка.
Треба да се напомене дека пред неколку денови, во пресрет на стартот на новата сезона, Ристовска и ЦСКА Москва го освоија Суперкупот на Русија.