Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој вчера запиша нов настап за Наполи, иако во игра влезе во последната минута од регуларниот дел, веќе влезе во „топ 100“ во историјата на италијанскиот калчолигаш по број на настапи.
Елмас во Наполи дојде во летото 2019 година и после цели три години како дел од Наполи, каде почесто има улога на „џокер“ и влегува од клупата за резерви, веќе собра 134 меча во наполитанскиот дрес со што веќе е на 97-то место според бројот на настапи за овој гигант надминувајќи го Бањи.
Македонскиот репрезентативец веќе на следниот меч на кој ќе настапи ќе го стигне легендарниот италијански плејмејкер Џанфранко Ѕола, поранешна ѕвезда и на Челси, кој е со меч повеќе пред него (135) на 96-то место.
Елмас сезонава има еден даден гол во досегашниот тек.