Десниот бек Куни Моралес го продолжи договорот со Вардар и ќе игра во „црвено-црниот“ дрес и следната сезона. Кубанскиот интернационалец стана миленик на публиката и важен дел во тимот, и со своите игри го потврди квалитетот што го поседува.
Леворакиот бек имаше одлични партии во дресот на македонскиот првак и освојувачот на двојната круна. Особено во клучните моменти и во натпревари кои беа од особено значење за тимот. Со неговите продорни влезови и прецизни шутеви на многу натпревари Вардар ја покажа играчката надмоќ, а подеднакво одлично играше и во одбрана.
Сезонава Моралес постигна 36 гола на 12 натпревари во лигата на шампионите, а во домашното првенство постигна 86 гола во регуларниот дел и во плејофот. Неговите голови беа и дел од Топ-5 голови на колото во лигата на шампионите и во СЕХА лигата.