Трабзонспор ја совлада Црвена Звезда со 2-1 во рамки на 2.коло од групата Х во Лигата на Европа.
Марек Хамшик во 16-тата и Трезеге во 68-та минута ги постигнаа головите за турскиот шампион. Македонскиот репрезентативец Енис Барди не беше во првиот тим на Трабзонспор, а влезе во игра во 61-та минута на местото на стрелецот на првиот гол Хамшик. Гостите од Белград го завршија натпреварот со играч помалку откако Кингс Кангва заработи два жолти картони во 63-тата минута. Но и покрај исклучувањето Вељко Николиќ постигна почесен во 89-та минута за гостите од Белград.
За Турците ова беа први бодови во Лигата на Европа откако во минатото коло загубија на гостувањето кај Ференцварош.