Екипата на Вестерло од која дел е македонскиот интернационалец Ердон Даци имаше идеален старт на сезоната во најсилната фудбалска конкуренција во Белгија.
Повратникот во елитното друштво славеше над Серкл Бриж со 2-0, триумф во кој свој учинок, печат имаше токму некогашниот талент на Вардар. Даци се најде на вистинското место во 40 минута и го отвори резултатот, резултат кој беше активен се до 95 минута кога Ветокеле ги потврди трите бода за домаќините.
Во следната рунда Ердон и компанија ќе се соочат со составот на Леувен.
https://twitter.com/Scouter33448288/status/1551292351636717574?s=20&t=0JeBGi519G4dIxYS0s2wIA