Сведоци сме за уште една голема трагедија во ринговите ширум светот каде што се одржуваат борби од најразличен карактер и вештина. И оваа како и многу претходно окончана е со смрт на несреќниот мау таи борец од Тајланд, Фафет Фандучаи кој во борбата со борецот со прекар Ентони ТФЦ доживеа брутален нокаут со лакт, а потоа падна во кома. Не се разбуди цели шест дена, а потоа почина како последица од повредите на главата.