Неизвесноста во пресрет на последната трка од Светскиот шампионат во Формула 1 е голема. Пред последната трка во Абу Даби, Луис Хамилтон и Макс Верстапен се изедначени на самиот врв.
Британецот Хамилтон победи на лудата трка во Џеда, по што изјави:
“Се тркам навистина долго време, но оваа трка беше неверојатно тешка. Се обидов да останам цврст, но и разумен во сè. Морав да го искористам моето целосно искуство, да го одржам болидот на патеката и да останам чист”, изјави Хамилтон. рече по 103 победата во кариерата.
Седумкратниот светски шампион и најдобар во последните четири години додаде:
„Горд сум на целиот тим. Беше тешко, но издржавме. Моравме да се бориме со многу во вториот дел од сезоната, но успеваме. Оваа патека беше тешка и психички и физички, но не очекуваме нешто различно во овој момент. Сè се одвиваше одлично, беше убаво да се учествува во сè и затоа им благодарам апсолутно на сите во нашиот тим“.
Секако, Верстапен беше незадоволен од неделниот исход.
„Дојдовме до заклучок дека казните се поважни во овој спорт од самата трка. За мене ова не е Формула 1. Се случија многу работи со кои не се согласувам. Пробав се и дадов максимум.
„Се ќе се реши во Абу Даби. Се надевам дека ќе биде добар викенд за нас“.