Екипата на Мерцедес поднесе жалба на крајот од трката во Абу Даби.
Скандалозните одлуки доведоа до спектакуларен крај и победа на Макс Верстапен во Абу Даби, па Холанѓанецот со тоа е нов светски шампион.
Мерцедес испрати официјална жалба до ФИА или до Дирекцијата за трки поради споменатите скандалозни одлуки на самиот крај.
Потсетуваме, на Макс прво му беше забрането да ги претекнува возилата кои доцнат цел круг, а на тие возила им беше забрането и да го претекнат безбедносното возило и да се вратат во кругот што го вози лидерот на трката.
Потоа одлуката беше повлечена, се беше дозволено, безбедносното возило се повлече и во последниот круг Верстапен стана шампион.
Сепак, Мерцедес поднесе жалба и ќе видиме што ќе биде сега. Ова е очекуван потег.
https://twitter.com/F1/status/1470058598197825542?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1470058598197825542%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2FF12Fstatus2F1470058598197825542widget%3DTweet