Давидовски со одлично возење заврши четврти на „Норисринг“Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски имаше одличен настап на патеката „Норисринг“ и заврши на четвртата позиција, додека неговиот тимски колега Франко Џиролами го освои првото место.
Давидовски беше осми во завршницата, но го покажа неговиот квалитет и успеа да стигне до четвртото место, а со тоа освои 27 бода.
Екипата на Давидовски и Џиролами се наоѓа на лидерската позиција во тимска конкуренција, а колегата на македонскиот автомобилист е прв со 275 бодови.
Следната трка во ТЦР Европа се вози во Германија на 26 и 28 август.