Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик имаше голем инцидент без посериозни последици денеска во Монте Карло на најгламурозното гранпри во Формула 1, после кое јавноста остана без зборови зашто болидот му се скрши на два дела.
Шумахер се изврте на еден правец, пред еден свиок, по што иако не беше при најголема брзина откако удри во заштитната ограда, болидот му се скрши, па задниот дел се одвои од трупот.
Трката после инцидентот е прекината привремено, додека да се расчисти на местото на инцидентот.