Карлос Саинц возачот на Ферари ја запиша првата победа во кариерата во една од најдобрите трки во последните неколку години во Формула 1, а имаше и голем инцидент на стартот кога Кинезот Жу се преврте со неговиот болид.
По инцидентот на стартот, кога Жу едвај спаси жива глава, следеше неверојатна битка до самиот крај, а посебно во завршницата, кога Саинц ја презема првата позиција, а потоа почна лудата битка за останатите позиции.
Серхио Перез, Луис Хамилтон, Шал Леклер и Фернандо Алонсо понудија одлична битка за втората позиција со голем број престигнувања, а најголема среќа имаше возачот на Ред Бул, кој стигна до втората позиција.
На третата позиција заврши Хамилтон, по што следеа Леклер, Алонсо, Норис и Макс Ферстапен на седмата позиција.