Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја победи конкуренцијата и славеше на трката за Големата награда на Бразил, но потоа заработи казна затоа што ги прекрши правилата.
Хамилтон го прекршил правилото за безбедносниот појас, кој го откачил предвреме, па поради тоа ќе треба Британецот да плати казна од 5.000 евра, додека ќе мора да плати дополнителни 20.000 евра ако направи нов инцидент до крајот на годината.
На три трки пред крајот на шампионатот Макс Ферстапен има предност од 14 бодови пред Хамилтон, додека следната трка се вози на 21 ноември за Големата награда на Катар.
https://twitter.com/F1NewsTweets/status/1459986329769500673?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1459986329769500673%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkoli-motori-i-trki%2Fhamilton-zaraboti-kazna-po-triumfot-na-trkata-vo-brazil