Макс Верстапен (Ред Бул) победи на трката за Големата награда на Холандија во Зандворт и го презеде водството во генералниот пласман на Светското првенство.
Верстапен беше најбрз на патеката во Зандворт, која по 36 години се врати во календарот на Формула 1, и водеше од почеток до крај. За Холанѓанецот ова е седма победа сезонава, и 17 -та во кариерата.
Второто место му припадна на Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес), а трет беше неговиот соиграч Финецот Валтери Ботас.
По 13 трки Верстапен собра 224,5 поени, а потоа Хамилтон кој има три бода помалку (за најбрзиот круг доби дополнителен поен). На третото место е Ботас со 123 бода.
Следната трка се вози на 12 септември во Монца за Големата награда на Италија.