Возачите Сем Мајер и Тај Гибс се степаа по НАСКАР трката. На патеката Мартинсвил во Вирџинија имаше инцидент меѓу нив двајца на патеката.
По трката, Гибс побара од ривалот да објасни зошто го направил тоа. Кога тоа не помогна, реши да ја реши ситуацијата со тупаници. Неколку пати го удри Мајер, а поголема тепачка спречија редарите. Мајер по судирот заврши во болница со полесни повреди на лицето.
“Се боревме за наградата од 100.000 долари и јас се пласирав пред него. Му беше криво и ме удри неколку пати. Сепак, тие удари се премногу слаби. Едвај ги почувствував”, рекол Мајер, додека Гибс рекол дека реагирал откако Мајер почнал да го напаѓа.