Новак Ѓоковиќ со денови е главна тема во Австралија, но и една од главните спортски теми во светот воопшто. Неговиот спор со австралиските власти го покриваат сите светски медиуми, а на една австралиска телевизија се случи голем гаф.

Водителките на емисијата на австралискиот Канал 7, очигледно несвесни дека ги снимаат камерите, го озборуваат и навредуваат Ѓоковиќ, а снимката брзо стана вирална на социјалните мрежи.

„Ѓоковиќ е лажлив, подмолен серко. Кога ќе погледнете, жално е што сите се вклучија”.

„Тој лаже дека не отишол во Шпанија… На крај, ќе се извлече. Што добиваме од тоа што го ставаме во имиграциски камп? Што е со луѓето кои беа во истиот авион, и што е со тој тенисерката што ја депортираа?“

Снимањето запира тука, но не треба да се чуди ако остатокот од разговорот наскоро се појави во јавноста.

https://twitter.com/urbr/status/1480857722916540420?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1480857722916540420%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fprocurila-snimka-na-kojoj-australski-voditelji-vrijedjaju-djokovica-lazljivi-suak%2F2331624.aspx