Зверев со 2-0 во сетови го победи 45-от играч на светот Кристијан Гарин со 7-5, 6-2 за да дојде до полуфинале и сега против Циципас ќе брка второ финале во низа откако играше во финалето во Мадрид, каде загуби од Карлос Алкараз.
Циципас, пак, малку потешко со еден сет во тај-брејк го победи домашниот тенисер Јаник Синер со 7-6 (7-5) и 6-2 во второто денешно четвртфинале.
Денис Шаповалов кој го елиминира Рафаел Надал го чека попладнево пресметка со Каспер Руд, додека најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ од 20.30 часот игра против Феликс Оже-Алиасим во последниот меч од оваа рунда.
Победниците од овие два меча ќе вкрстат во второто полуфинале, пресметки кои се играат утре, а финалето е закажано за во недела.