Но, Барди денеска им се обрати на навивачите на Леванте, па многумина и шокира. Им најави дека заедно ќе го вратат Леванте таму каде што припаѓа во – шпанската елита.
„Дојдов во Леванте пред пет години, дојдов со желба да напредувам, со желба да живеам во голем клуб. Заедно поминавме низ добри и тешки моменти, а вчера без сомнение беше еден од најтешките моменти во мојата кариера. Не го исполнивме тоа за кое живеевме, не бевме на нивото на навивачите кои и вчера беа со нас во најтешкиот момент. Но, можеме само да ви се заблагодариме за поддршката и заедно ќе го вратиме клубот каде што припаѓа“, објави Барди.
Нема шпански медиум што Барди не го посочи како прв за заминување после испаѓањето на Леванте, а веќе низа европски медиуми веќе подолго време лицитираат со клубови кои се заинтересирани да го анагажираат од Арсенал, Борусија Дортмунд, Фиорентина, Лацио, Торино, па се до Бетис, Реал Сосиедад…
Барди во Леванте дојде за 1,5 милиони евра од унгарски Ујпешт во летото 2017 година после младинското Еуро 2017.