Ватерполистите на Партизан ја совладаа Црвена звезда со 11:10 (3:6), во натпреварот од шестото коло на српската Суперлига.

Српска Суперлига, 6. коло
Црвена звезда – Партизан 10:11
(3: 3, 3: 0, 2: 5, 2: 3)

Црвена звезда ја испушти предноста  од првото полувреме кога водеше со 6:3.

Партизан одигра одлична трета четвртина и ја стопи предност на „вечниот“ ривал, па пред последната делница беше 8:8.

Беше тензично до самиот крај.

Се играше гол за гол, а на 42 секунди до крајот Стефан Митровиќ погоди од пенал за 11:10 и го реши натпреварот.

Звезда имаше играч повеќе во последниот напад, Вељко Танкосиќ шутираше за израмнување, но промаши.

Најефикасни кај Партизан беа Бовен, Гак, Радојевиќ и Митровиќ со по два гола.

Кај Звезда се истакна Басара со пет гола.

Партизан сега има скор 5-1, Звезда 3-3.

https://www.youtube.com/watch?v=Wxr6eyAGSOY