Лука Дончиќ изведе уште еден подвиг со кој ја донесе победата на Далас Маверикс против Бостон Селтикс 107:104.
Во последниот напад при резултат 104:104 чекаше до последната секунда за да упати феноменален удар и да погоди за триумф.
Со таа тројка стигна до 33 поени со девет скока и три асистенции.
„Играв со таков играч овде и порано, сите знаат дека топката оди до 41 (Дирк Новицки) и тој решава. Мислам дека сите знаеја дека топката оди до 77 (Дончиќ) и тој испорача“, изјави тренерот на Далас, Џејсон Кид.
Кристапс Порзингис го поддржа Лука со 21 поен и седум скока.
На другата страна најдобар беше Тејтум со 32 поени и 11 скока.