Лука Дончиќ во вториот полуфинален меч од Западот помеѓу негвоиот Далас маверикс и Оклахома сити тандерс, беше клучен фактор што составот од Тексас да дојде до посакуваниот „брејк“ со победа со 119-110.
Словенецот беше близу трипл-дабл со 29 поени, 10 скока и седум асистенции, а мора да се нагласи дека неочекувано голема помош доби од Пи-Џеј Вашинготн, кој го одигра натпреварот на плејоф-кариерата со учинок од 29 поени и 11 скока. Дончиќ беше на ниво уште од самиот старт од натпреварот, кога постигна 16 поени, од кои четири тројки, а воедно беше заслужен за 24 од 36-те поени на својот тим во овој период. Маверикс во еден момент имаа и 15 поени предност, но на почетокот на третата четвртина, Арон Вигинс погоди за Оклахома за пресврт (72-71). Далас, сепак, повторно побегна на двоцифрена разлика и тоа со серија од 18-4, која е уште поголема бидејќи беше остварена без Дончиќ, кој беше на клупата.
„Громовите“ шутираа лошо во последната четвртина, а Дончиќ знаеше како да го искористи тоа и да го одбие секој потенцијален напад за враќање. Тој дури најде време кога беше тесно (110-104) да влезе во конфликт со навивач од првите редови. Хардавеј беше трет најефикасен играч на Далас со 17 поени, Даниел Гафорд постигна 13, Џош Грин 11, додека Кајри Ирвинг додаде девет поени и 11 асистенции. Кај Оклахома блескаше Шаи Гилгес-Александер со 33 поени, 12 скока и осум асистенции, Џејлен Вилијамс постигна 20, а Холмгрен 11.
Големо изненадување се случи во вториот меч од источното полуфинале, во кое Кливленд кавалирс неочекувано како гостин го растури Бостон селтикс (118-94). Кавси на овој начин израмнија на 1-1 во серијата која сега се сели во нивниот дом, а за тоа најзаслужен беше Донован Мичел со 27 поени, осум асистенции и седум скока. Го следеше Еван Мобли со 21 поен и 10 скока, исто толку додаде и Карис Лаверт од клупата, Гафорд додаде 14, додека Окоро и Струс имаа по 12. Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси со 25 поени, Џејлен Браун имаше 19, Причард 13, Хофорд 11, а Вајт само 10.