Македонската тенисерка Лина Ѓорческа одигра одличен турнир во Трнава, но денеска е запрена во четвртфиналето и тоа во дуелот со подобро рангираната Вероника Ерјавец.
Двете тенисерки беа несигурни на свој сервис во првиот сет, од кои четири гејма на сервис на противничката освои Словенката, па го доби сетот со 6:3.
Ѓорческа го започна одлично вториот сет, направи два брејка за 3:0, но Ерјавец се врати на идентичен начин до 3:3, за да направи уште еден клучен брејк во десеттиот гејм за 6:4 и победа од 2:0.
Најдобрата македонска тенисерка на турнирот со награден фонд од 60.000 долари претходно ја победи првата носителка Миа Хонтама, како и подобро рангираната Полина Кудерметова.
Денеска, сепак доживеа втор пораз за четириесетина дена од Ерјавец, која е осма носителка во Словачка и сега останува во игра и за триумф на овој турнир.
Ѓорческа не успеа да направи уште едно изненадување и да се пласира меѓу најдобрите четири тенисерки на фјучрс турнирот во Трнава, Словачка.