Македонскиот шампион МЗТ Скопје се искачи на врвот на табелата во АБА 2 лигата со денешната победа на домашен терен против Војводина (83-75) во рамките од 10. коло.
Мечот започна изедначено и со минимална предност за гостите по првите десет минути. Но, од тој момент, избраниците на Дарко Радуловиќ започнаа да доминираат на теренот. Веќе на пауза заминаа со 52-44, а предноста стана двоцифрена по одличната игра во одбрана на „штрковите“ во третиот квартал.
Војводина се закани и го отвори последниот период со убава серија, за да намали на -7. Сепак, тоа не беше доволно за МЗТ да ја испушти високата позитива. За неколку минути работите се вратија на свое место, па македонскиот претставник ја запиша втората победа во низа во регионалното натпреварување.
Рикиќ постигна 18, а Стојановски и Милошевиќ придонесоа со по 15 поени кај домашниот тим, а најефикасен на теренот беше гостинскиот играч Беслац со 22 поени.