Кошаркарите на Филаделфија севентисиксерс победија петти пат по ред, предводени од фантастичниот Жоел Ембид на домашен терен го совладаа Вашингтон визардс (112-93). Со оваапобеда само го продолжија притисокот врз Милвоки бакс и Бостон селтикс за врвот на Источната конференција.
Новопечениот француски репрезентативец со 34 поени и осум скока ја продолжи битката со Никола Јокиќ за МВП-трофејот за оваа сезона, додека зад него беше Џејмс Харден со 18 поени и 14 асистенции. Кисперт со 25 поени беше најефикасен кај „волшебниците“. Филаделфија сега има скор 45-22, што е две односно три победи помалку од водечката двојка во источната конференција.
Њујоркс никс, конечно и стави крај на сопствената црна серија од три порази по ред и тоа со триумф на гостински терен против „жешкиот“ тим на ЛА Лејкерс (112-108), за кого ова е прв неуспех по трите победи во низа. Џулиус Рендл со 33 поени и осум скока беше најдобар кај „никси“, додека Расел со 33 поени и осум асистенции беше најдобар кај „езерџиите“.
РЕЗУЛТАТИ: Денвер-Бруклин 120-122, Шарлот-Кливленд 108-114, Филаделфија-Вашингтон 112-93, Њу Орлеанс-Портланд 127-110, С. Антонио-Оклахома сити 90-102, ЛА Лејкерс-Њујорк 108-112.