Бојан Крстевски одигра добар натпревар и беше еден од најдобрите на теренот. Имаше ефект од 11 поени и 7 скокови.

„Многу сум задоволен од оваа победа. Морам да им честитам на моите соиграчи за борбеноста. Машки одигравме, трет меч во пет дена. Одиме на победа, како и на секој натпревар, така и со Словачка.

Ги послушавме советите на селекторот на полувремето. Да играме смирено, со цврста одбрана ќе го добиеме натпреварор. Без брџање, иако имавме падови, останавме присебни. На крајот погодивме битни шутеви, извлековме победа. Можеше да биде и двоцифрена предност. Но собрана е голема количина на замор. Битна ни беше победата“ – изјави нашиот крилен центар по победата над Швајцарија.