Феникс е во неверојатна серија од 17 победи по ред откако утринава го совлада и најдобриот тим во Западната конференција Голден Стејт со 104-96.

Деандре Ејтон ги предводеше Санс со 24 поени, Крис Пол имаше 15 поени и 11 асистенции. Победата на домашниот тим е уште поимресивна ако се знае дека нивниот најдобар играч Девин Букер се повреди во втората четвртина. Стеф Кари беше невообичаено тивок на натпреварот со за него скромни 12 поени и статистички ја имаше најлошата вечер во својата кариера. Џордан Пул беше најефикасен кај Вориорс со 28 поени.

 

Лос Анџелес лејкерс славеа на гостувањето кај Сакраменто со 117-92. Леброн Џејмс го пропушти овој натпревар, бидејќи влезе во протоколот за Ковид-19 и ќе биде надвор од терените најмалку 10 дена. Гостите имаа неверојатна серија од 40-8, што траеше од почетокот на третиот до четвртиот период. Ентони Дејвис постигна 25 поени, додека Расел Вестбрук имаше 23, а одличен беше и Малик Монк со 22 поени.

 

Џејмс Харден со 34 поени и 10 скока го водеше Бруклин до триумф од 112-110 против градскиот ривал Њујорк никс.

 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Торонто – Мемфис 91-98
Портланд – Детроит 110-92