Ненад Димитријевиќ е херојот  од Данска. Македонската кошаркарска репрезентација на гостински терен во првиот претквалификациски меч за пласман на ЕП 2025 година славеше со 70-73 благодарение на Димитријевиќ. Членот на Уникс Казан со звукот на сирената погоди од неверојатна далечина за голема радост во „црвено-жолтите“ редови.

На социјалните мрежи се појави видео запис, кој датира од далечната 2007 година, кога Нено имал само десет години. Димитријевиќ уште од мали нозе беше познат по убиствените шутеви, па она што вчера го видовме не е случајно.

Нено првите чекори ги учеше во Јуниор, најголемата школа за млади категории, која некогаш ја имаше единствената лига за мини-баскет. Под водство на неговиот татко, познат кошаркарски тренер, Саша Димитријевиќ растеше низ годините. На само 14 години замина во Хувентуд, каде направи голем напредок во кариерата, се пресели во Валенсија, а по една година во овој тим замина во Уникс Казан, каде потпиша договор на една сезона.

Погледнете како Нено на десет години „растураше“…