Синоќа Е.Пелистер иако цел натпревар го контролираше резултатот и на крајот имаше победа во раце сепак се враќа во Битола само со бод (27:27).
Сепак ова беше тешко гостување кај лидерот на табелата и секако дека тоа што останаа непоразени е успех.
Капитенот Јосип Периќ во последниот напад шутираше за победа но не успеа пред звукот на сирената да погоди за два бода.
“Ова беше физички многу тежок натпревар. Спортинг Лисабон има одлична одбрана и добро се подготвивме за неа. На крајот можеше секако да заврши, па мислам дека исходот по бод за двете екипи е реален и заслужен.” – изјави Периќ.
Standings provided by SofaScore LiveScore