Синоќешниот евролигашки дуел помеѓу Виртус Болоња и Анадолу Ефес (80-85) предвреме заврши за српскиот интернационалец Милош Теодосиќ и тоа поради исклучување во последната четвртина поради обид да се пресмета со еден од судиите.

Србинот протестираше кај еден од судиите за една од претходните спорни ситуации, за помалку неочекувано еден од останатите двајца делители на правдата му досуди техничка грешка. Тоа беше Словенецот Дамир Јавор, кој долги години му суди и на МЗТ Скопје во регионалното натпреварување и кој важи за еден од најконтроверзните „луѓе во црно“ на овие простори. Неговата одлука го разбесни Теодосиќ, кој дури и малку го турна Јавор, по што овој го исклучи.

https://twitter.com/PickAndCast/status/1596259769580654592?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1596259769580654592%7Ctwgr%5E7cf676d97abc5c86b8283767ba727c9868fdc17f%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fevroliga%2Fsrbinot-teodosikj-zbesna-pa-trgna-da-go-tepa-sudijata-od-slovenija-video

За среќа, останатите кошаркари на Виртус спречија посериозен инцидент од српскиот бек, кому за оваа случка му се заканува и дополнителна суспензија од Евролигата.